Кендис Сванапул ја стави на пауза својата кариера за да се посвети на бременоста. Славната манекенка на Victoria's Secret деновиве престојува во Њујорк, каде неколкупати беше пресретната од папараците.
За време на една од прошетките, таа беше придружувана од нејзината мајка и малото синче Анака.
29-годишната Јужноафриканка е во последниот триместар, а очекува момче.
Кендис и нејзиниот вереник Херман Николи го добија првото дете во октомври 2016 година. Таа редовно споделува фотографии на Instagram со слаткиот Анака.