Семејството на Енрике Иглесијас и Ана Курникова ќе се прошири за уште еден мал член. Шпанското списание „Hola“ објави дека славниот пар го очекува третото дете.
44-годишниот пејач и 38-годишната поранешна тенисерка беа фотографирани на јахта, а пораснатото стомаче на Ана ја издаде нивната слатка тајна.
Минатиот месец, Курникова беше фотографирана во Мајами и тогаш започнаа гласините за нејзината бременост.
Енрике и Ана ги добија близнаците Николас и Луси во декември 2017 година, а целата бременост успеаја да ја сочуваат во тајност.
Парот е во врска од 2001 година.