Пред еден месец, Енрике Иглесијас и Ана Курникова станаа родители. Славниот пар доби близначиња, момче и девојче, кои ги добија имињата Николас и Луси.
Успешниот музичар и поранешната тенисерка ги споделија првите фотографии со новородените близначиња со ист опис: „Моето сонце“.
42-годишниот пејач и 36-годишната спортистка се во врска 16 години, а целата бременоста ја чуваа во тајност.