Џорџ и Амал Клуни беа почесни гости на вечера организирана од принцот Чарлс во Бакингемската палата.
57-годишниот актер и 41-годишната адвокатка изгледаа беспрекорно елегантно додека позираа пред фотографите.
На свеченоста, Амал пленеше во бела асиметрична креација.







Вечерата беше организирана во чест на The Prince's Trust, добротворна организација основана од принцот Чарлс. Гости на свеченоста беа и други холивудски актери како Џош Хартнет, Бенедикт Камбербач, Лук Еванс и Чиветел Еџиофор.



