Александра Јанева и Иван Ангелов запливаа во брачните води.
29-годишната пејачка и нејзиниот избраник си го кажаа судбоносното „ДА“ пред своите роднини и пријателите. Младенците ги споделија првите фотографии и видеа на социјалните мрежи.
Јанева промени две венчаници, една долга и една кратка со голем цвет во предниот дел која доаѓа од ателјето на Моника Коцарева.
„Каде и да сум, во било кое време, животот е прекрасен со тебе“ - напиша Јанева на Instagram.
Александра и Иван се верија пред Ајфеловата кула во Париз во ноември минатата година.