Винс Вон доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните. 54-годишниот актер и продуцент одржа говор за да се заблагодари за големата чест.
Вон ја доби поддршката од сопругата Кајла и нивните две деца, 13-годишната ќерка Локлин и 11-годишниот син Вермон.
Винс ретко ги води децата на холивудските свечености, но ова беше специјална прилика која не сакаше да ја пропуштат.
Во својот говор ѕвездата од „Wedding Crashers“ рече: „Кајла, моја прекрасна сопруга, многу ми е драго што си тука со мене сега, благодарен сум за тебе и за овие прекрасни деца и за сета смеа која ја споделуваме заедно. Колку и да ми значи оваа ѕвезда, Вермон и Локлин сакам да знаете дека вие ми сте најважното нешто на светот“.