Селена Гомез се релаксира во Австралија. Популарната пејачка беше забележана од неуморните папараци на јахта во Сиднеј заедно со неколку пријатели.
Минатата година нејзе ѝ беше извршена трансплантација на бубрег, па на дел од фотографиите може да се види голема лузна на нејзината нога. Имено, станува збор за лузна од операција направена поради компликации по трансплантацијата, кога дошло до пукање на артерија. Како што сподели Франсија Раиса која го донираше својот бубрег, докторите биле принудени да земат вена од ногата на Селена за да создадат нова артерија.
Пред забавата на јахта, 25-годишната музичка ѕвезда со друштвото беше фотографирана додека го напушташе аеродромот.