Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Twilight“ и Еминем со најмногу People's Choice награди

„Twilight“ и Еминем со најмногу People's Choice награди

Вчера во Нокиа театарот во Лос Анџелес се одржа доделувањето на People’s Choice наградите.

Филмот „The Twilight Saga: Eclipse“ стана голем победник на вечерта и зеде 4 награди и тоа за Омилен филм, Омилена драма, Омилена актерка (Кристен Стјуарт) и Омилен тим од екраните (Роберт Патинсон, Тејлор Лотнер и Кристен Стјуарт).

Роберт Патинсон, Кристен Стјуарт и Тејлор ЛотнерРоберт Патинсон, Кристен Стјуарт и Тејлор Лотнер

Колку Кристен Стјуарт ги има освоено срцата на обожавателите покажа фактот што таа ги победи Анџелина Џоли и Џулија Робертс за да ја добие наградата за Омилена филмска актерка.

Кристен СтјуартКристен Стјуарт Роберт ПатинсонРоберт Патинсон

Еминем очигледно е најпопуларен кај музичките ѕвезди. Тој освои 4 награди и тоа за Омилен машки изведувач, Омилена песна и Омилен спот за „Love The Way You Lie“ и Омилен хип-хоп изведувач.

Ријана доби 3 награди и тоа двете ги дели со Еминем за „Love The Way You Lie“, а третата е наградата за Омилен поп изведувач.

Кети Пери, која остави голем впечаток со својот фустан, доби две награди и тоа за Омилен женски изведувач и Омилена онлајн сензација.

Кети ПериКети Пери со двата трофеја

Вкупно беа доделени 44 награди. Така, Џони Деп ја освои наградата за Омилен филмски актер, Адам Сандлер за Омилен актер од комедии, Зак Ефрон за Омилена филмска ѕвезда под 25 години, „House“ за Омилена телевизиска драма, Тејлор Свифт за Омилен кантри изведувач, а Ашер за Омилен R&B изведувач.

Џони ДепЏони Деп Тејлор СвифтТејлор Свифт

Организаторите изјавиле дека биле земени во предвид рекордни 175 милиони гласови. People's Choice наградите го означуваат почетокот на Холивудската сезона на доделување на награди.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18957 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.