Бон Џови вчера ја покани Ријана да му се придружи на сцената на Teatro Circo Price во Мадрид за заедно да ја исполнат мега-популарната „Livin’ On A Prayer“.
Нивниот настап беше во рамките на тајна свирка, еден ден пред одржувањето на MTV Europe Music Awards.
22-годишната пејачка и легендарниот рокер уживаа во заедничкиот дует, а повозбудена се разбира беше Ријана.
„Кога дознав дека Бон Џови сака да пеам со него, откачив. Не можев да си поверувам“ – изјавила Ријана.