Тори Спелинг ја истакна својата фигура во неонски бикини на плажа.
51-годишната актерка, која сигурно ја паметите по улогата на Дона во „Беверли Хилс 90210“, беше фотографирана додека се разладуваше во Малибу.
Пред само неколку дена, Тори ја откри вистинската причина за „дупката“ помеѓу градите поради која честопати е мета на коментари на социјалните мрежи.
„Добивам коментари како: ‘Поправи го тоа нешто помеѓу градите’ или ‘Што е тоа, како кратер?’ Тоа е нешто поврзано со коските и се нарекува pectus excavatum. Можам да имам 50 милиони операции на градите и нема да го отстранам тоа“ – рече таа.
Pectus excavatum во превод значи „вдлабнат граден кош”. Тоа е абнормалност која се случува кога стернумот и неколку ребра растат навнатре. Кај полесните случаи предизвикува само естетски проблеми, но кај потешките може да има пореметување во работата на срцето и белите дробови.
Тори се разведе од сопругот во март, по 18 години брачен живот. Тие заедно имаат пет деца.
Таа не крие дека користела лекарства за дијабетес за да ја намали тежината по раѓањето на последното дете во 2017 година.