Обожавателите на Кајли Миног добија празничен спот како подарок за новогодишните и божиќните празници.
Кајли го објави својот спот за божиќната песна „Santa Baby“. Во едноставното видео Кајли е облечена во секси црвено трико и пее додека флертува со камерата пред новогодишната елка.
„Santa Baby“ е позната божиќна композиција која е препеана од Кајли. Таа е дел од мини албумот на 42-годишната пејачка насловен како „A Kylie Christmas“. Дел од приходите од овој албум ќе бидат донирани во непрофитабилната организација „Vision Australia“ којашто им помага на децата со оштетен вид.