Енрике Иглесијас го објави спотот за неговата песна „Ayer“.
Спотот не е создаден по некоја приказна. Енрике седи во центарот на соба која во еден момент започнува да гори и да се исполнува со чад. А потоа, сè згаснува и собата останува црна.
Но, многумина ќе се согласат дека е апсолутно точен коментарот на обожавателка на Енрике, која за неговиот спот напиша: „Енрике, благодарам за ова видео, твоето убаво лице е доволно за музичко видео, благодарам за мирот и тишината кои ги добивме од Ayer.“
„Ayer“ е сингл од последниот двојазичен студиски албум на Енрике, „Euphoria“.