Се прашувате која е најлајкуваната фотографија на Instagram? Не е стилска комбинација, егзотична дестинација или слатко бебе... туку обично јајце.
До неодамна, Кајли Џенер го држеше рекордот за најпопуларна фотографија. Стануваше збор за фотографијата на која нејзината мала ќерка Сторми ја држи за палецот. За неполна година, таа собра 18,4 милиони лајкови.
Но, деновиве масовно се шири фотографија од јајце, објавена со цел да се постигне светски рекорд. Неспорно, мисијата е успешна. Досега „славното“ јајце има над 36,4 милиони лајкови.
Додека многумина се пошегуваа со новиот рекорд и го искористија за да ја исмејуваат Кајли, не се малку ниту коментарите во кои рекордите се искористени за да се критикува денешната опсесија со социјалните мрежи, бесмислените предизвици и бизарните вирални хитови.