Почетна » Новости » Чуден свет » ФОТО: Рекордерот по број на „тунели“ на лицето

ФОТО: Рекордерот по број на „тунели“ на лицето

Додека некои Гинисови рекорди можат да ве одушеват и инспирираат, други ќе ве натераат да ги протриете очите во знак на неверување. Како на пример оној на Џоел Миглер.

Името на Миглер беше запишано во Гинисовата книга на рекорди во 2014 година за најмногу „тунели“ на лицето. Тој има 11 дупки во месото на лицето, од кои најголемите му се на образите и се широки рекордни 34 милиметри.

Џоел Миглер Џоел Миглер Џоел Миглер

Иако 22-годишниот Германец може да протне лижавче низ своите најгголеми „тунели“, тој нема намера да застане тука. „Сметам дека модифицирањето на телото е многу заразен процес“ – објаснува Џоел, кој планира да достигне ширина на дупките во образите од 40 милиметри.

Џоел започнал да го модифицира своето тело на 13 години откако си направил пирсинг на едното уво и му се допаднало чувството. Полека, полека тој започнал да прави дупки во месото на лицето, а болката и крварењето не го спречиле да го зголемува нивниот број. „Кога правам нешто ново имам мали болки една седмица, но потоа сум горд што имам нешто ново. Многу сум среќен и веднаш сакам да преминам на следното“ – вели тој.

Џоел Миглер Џоел Миглер Џоел Миглер

Џоел не е првата личност, која си го исекла месото на образите, но е прва која го повторила тоа трипати. Тој си го има и исечено јазикот на половина, т.н. змиски јазик, кој може да го покажува низ дупките на лицето и има повеќе тетоважи по телото.

И покрај сите модификации на лицето, Миглер тврди дека нема проблеми со јадењето и пиењето освен тоа што треба да каснува по помали залаци.

Освен проширувањето на „тунелите“, чудниот ентузијаст планира и да си постави инплант во очите со цел да добие уникатен изглед.

Џоел Миглер Џоел Миглер Џоел Миглер

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.