Почетна » Новости » Чуден свет » Бизарно: Најзлобниот пар на светот сака да стапи во брак

Бизарно: Најзлобниот пар на светот сака да стапи во брак

Исакин Јонсон и Мишел Густафсон со право се наречени најзлобниот пар на светот. Двајцата Швеѓани вчера објавија дека се свршени и дека имаат намера да стапат во брак.

Канибалот-убиец Исакин ја побарал раката на жената-вампир Мишел во психијатриската установа во којашто се сместени. И двајцата се затворени поради убиство.

Мишел и ИсакинМишел и Исакин

33-годишниот Швеѓанец убил мајка на пет деца со која бил во врска, ѝ ја отсекол главата и потоа изел делови од нејзиното тело, а Мишел во 2010 година смртно прободела маж. Пред убиството, таа на својот блог напишала дека сака да им ги пресечува грлата на луѓе во метрото во Стокхолм, а потоа позирала како вампир со крв на устата и со нож и моторна пила во рацете.

Кон средината на ноември минатата година, Исакин преку MSN ја прашал Мишел дали сака да му биде девојка, а на 9 декември решиле да се свршат.

„Ја сакам Мишел. Никогаш не сум сретнал некој како неа. Сакам да водам некриминален живот“ – изјавил Jонсон за шведскиот весник Expressen.

Двајцата се наоѓаат во психијатриска установа и не се знае кога и дали воопшто ќе излезат оттаму. Според информациите од шведските медиуми, некои од пациентите во психијатриската установа се под надзор и по 20 години. Сепак, Мишел и Исакин се надеваат дека еден ден ќе можат да живеат заедно.

„Сакаме да живееме заедно, да чуваме кучиња и да се посветиме на нашите хобија, пирсање и тетовирање“ – изјавила Мишел.

Властите не се изјасниле дали на најзлобниот пар на светот ќе му биде дозволено да стапи во брак.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19665 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.