Татјана Кожевникова е жената со најсилната вагина на светот. Поранешната гимнастичарка, која во 2003 година влезе во Гинис подигајќи 14 килограми со вагиналните мускули, гостуваше во првата епизода на британската емисија „The Body Shocking Show“.
Пред очите на љубопитната публика, 45-годишната Русинка подигна тегови од 6 килограми, користејќи како помагало дрвено јајце.
Татјана долги години ги тренира интимните мускули. „Имав нормална вагина, како секоја друга жена, но го постигнав ова по 20 години напорно тренирање“ – изјавила таа.