Џастин Џедлика, кој се нарекува човечката кукла Кен, досега си има направено 90 пластични операции со цел да постигне совршен изглед. Во потрагата по перфектна надворешност 32-годишниот Американец потрошил 100.000 долари и не планира да прекине да легнува под нож.
Кога ќе го погледнете Џастин, ќе видите момче со дефинирани мускули, дебели усни и истакнати јаболкници. Веројатно ќе препознаете дека неговото лице било допрено од хирург, но најверојатно нема да го помислите истото за неговите мускули. Вистината е дека сите мускули на Џастин се всушност силиконски импланти. Неговите стомачни мускули, неговиот задник, како и неговите бицепси и трицепси не се резултат на тренирање, туку се производ на пластичната хирургија.
Модификацијата на телото започнала од неговиот задник. Џастин сакал поцврст и поистакнат задник и по 13 козметички третмани го добил она што го посакувал. Откако си ставил силикони и на градите, луѓето започнале да му даваат комплименти за градите, но го прашувале зошто нема мускули на рацете. Па, наредниот чекор биле операциите за мускулести раце.
Екстремната трансформација на Џастин била покажана во емисијата „20/20 Going to Extremes“ на ABC. Кога водителката му го поставила логичното прашање „Зошто едноставно не вежбаш за да добиеш бицепси и трицепси?“, Џастин одговорил: „Тоа воопшто не е возбудливо, не е гламурозно, не е извонредно“.
Првата операција Џастин си ја направил за да го коригира изгледот на носот. Сега, и по пет операции на носот, тој сè уште не е целосно задоволен од неговиот изглед.
Експертите се едногласни дека со бројните операции Џастин си го ризикува здравјето, но тој нема намера да сопре.
Во емисијата била прикажана и Лејси Вајлд, која со пластични операции екстремно си ги зголемила градите.
Погледнете ја емисијата: