Чудно е кога 33-годишен маж сака да изгледа како Џастин Бибер, но кога ќе потроши мало богатство за со пластични операции да се „претвори“ во тинејџерската сензација, тогаш е вистинска будалштина.
Тоби Шелдон во изминативе пет години ја потрошил целата своја заштеда на козметички интервенции и операции за да изгледа како Бибер. Пресадувањето на коса, Ботокс инјекциите, операцијата за помладешка насмевка, операцијата на очните капаци и липосукцијата на брадата го чинеле Тоби речиси 100.000 долари.

„Кога Џастин стана славен, неговото лице беше насекаде и секогаш кога ќе видев негова фотографија, единствено си мислев: Сакам да изгледам како него“ – изјавил Тоби.
„Еден месец закрепнував од операцијата на насмевката. А, по операцијата на очните капаци, не можев да си ги отворам очите една седмица“ – признал тој за британското списание „Closer“.


Сепак, Тоби е задоволен од резултатите иако сака да продолжи со трансформацијата со помош на операција на носот и вилицата. „Моите пријатели ме опсипуваат со комплименти. Тие дури и ме викаат Тоби Бибер“ – рекол тој.