Почетна » Новости » Чуден свет » 22-годишна Бугарка потрошила илјадници евра за да си ги утрои усните и да изгледа „модерно“

22-годишна Бугарка потрошила илјадници евра за да си ги утрои усните и да изгледа „модерно“

Некои луѓе ќе направат сè за да ги добијат своите „5 минути слава“.

Андреа Емилова Иванова има застанато „под игла“ 15 пати за да си стави филери и досега ја има утроено големината на усните. Таа вели дека сега е многу посреќна со својот изглед и дека воопшто не ѝ е гајле што мислат другите.

Андреа Емилова Иванова Андреа Емилова Иванова Андреа Емилова Иванова Андреа Емилова Иванова

22-годишната Бугарка, која студира филологија во Софија, има потрошено повеќе од 2.000 евра на инјектирање филери и нема намера да престане. За секој третман, Андреа плаќа по 300 лева (150 евра).

„Сега ми се допаѓаат моите усни многу повеќе од претходно. Среќна сум, бидејќи изгледам многу поубаво со поголеми усни. Во Бугарија, ова е сега модерно“.

„Ја имам посетено речиси секоја клиника за естетски процедури во Софија и во моите усни имам ставено речиси секакви типови на филери“ – вели таа.

Констанс ХолАндреа пред опсесијата за поголеми усни Андреа Емилова Иванова Андреа Емилова Иванова Андреа Емилова Иванова Андреа Емилова Иванова

Андреа има повеќе од 16.000 обожаватели на Instagram. Но, како што вели, додека едни постојано ја опсипуваат со комплименти, други ја критикуваат.

„Секојдневно добивам илјадници комплименти за моите усни, за моите аутфити и за мојата смисла за стил од луѓе од целиот свет. Добивам и позитивни и негативни коментари, но негативните коментари најчесто ги пишуваат жени“.

„Има луѓе на кои повеќе им се допаѓам со поголеми усни, а има луѓе на кои повеќе им се допаѓам со помали усни, но тоа мене воопшто не ме засегнува, бидејќи мене ми е најважно она што ми се допаѓа мене. Мислењето на другите луѓе е нерелевантно“.

„Јас имам отворен ум и сметам дека луѓето треба да имаат слобода сами да изберат што е за нив ‘големо’, ‘поголемо’ или ‘преголемо’. За мене нема граници“ – вели студентката која честопати е нарекувана „Бугарската Барби“

Андреа Емилова Иванова Андреа Емилова Иванова Андреа Емилова Иванова Андреа Емилова Иванова

На прашањето дали сака да ги има најголемите усни на светот, таа вели: „Да, зошто да не? Во мојата земја, големите усни се во мода и има многу девојки кои ставаат филери во усните“.

Андреа Емилова Иванова

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21057 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.