Почетна » Новости » Животни стории » Некогаш и сега: Неверојатната трансформација на изгладнуваното сираче од Бугарија кое го трогна светот

Некогаш и сега: Неверојатната трансформација на изгладнуваното сираче од Бугарија кое го трогна светот

Неверојатната приказна и трансформацијата на малиот Рајан несомнено вчудоневидуваат. Малото детенце беше на работ на смртта пред три години, а денес е среќно дете згрижено во семејство кое го сака.

Фотографијата, која го покажуваше изгладнуваното детенце како лежи во сиропиталиште во Бугарија, го трогна светот.

Сторијата за Рајан Сторијата за Рајан

За среќа, Присила Морс од Тенеси, го видела малото момче на фотографии објавени на Facebook и знаела дека мора да ги земе нештата во свои раце. Добродушната мајка веќе имала две свои биолошки деца и посвоено девојче со Даунов синдром, но не можела да го остави момчето во таква состојба.

„Еден ден разгледував на Facebook и некој имаше објавено фотографија од мало момче во Бугарија, молејќи некој друг да го земе дома пред да умре. Тоа имаше 7 години. Му ја покажав сликата на мојот маж, кој овој пат не беше толку склон кон посвојување. На момчето му беа потребни МНОГУ медицински интервенции. Во тоа време не ни знаев колку многу, но знаев дека ако речеме ДА, нашите животи никогаш нема да бидат исти. Одлучивме дека неговото преживување е поважно“ - раскажа таа.

Сторијата за Рајан

За да може да си дозволи ново посвојување, Присила неуморно рачно изработувала аксесоари за коса. Поради напорното работење, таа започнала да има проблеми со раката и завршила на операција на зглобот. Во моментите кога не можела да заработува од рачните изработки, организирала аукции, сè со цел да стигне до потребната сума.

„Кога конечно можевме да го земеме дома, бевме сигурни дека ќе умре. Ништо не можеше да ме подготви за она што го видов кога првпат го зедов во рацете. Тој беше помал од моите деца кога се родија, а имаше 7 години. Тежеше 3,6 килограми. Беше прекриен со влакна бидејќи гладуваше до смрт. Забите му скапуваа, мојот палец беше иста големина со неговиот бут. Не гледав како тој би се извлекол од ова, но си мислев дури и да умре еден ден откако ќе го однесеме дома, дека би умрел во семејство што го сака, би бил закопан и посетуван и споменуван. Тоа ќе беше повеќе од она што тој ќе го добиеше во Бугарија, а заслужуваше да биде третиран како личност, дури и во смртта“ - вели Присила.

Сторијата за Рајан

Здравствената состојба на момчето, кое го добило името Рајан, била толку трогателна, што и докторите реагирале емотивно.

„Докторите не знаеја како да му помогнат. Влегуваа во собата и започнуваа да плачат, ми се извинуваа и ветуваа дека ќе се обидат да го спасат. Неговата состојба првпат била видена кога луѓето беа ослободувани од концентрационите логори по Холокаустот“ - раскажува посветената мајка.

Сторијата за Рајан

Добрата вест е што напорите на докторите вродиле со плод. Рајан започнал да напредува. До ден-денес тој е хранет само преку цевка, но сега, на 10-годишна возраст, тој тежи речиси 16 килограми.

Сторијата за Рајан

„Досега помина низ неколку операции и ќе мора да биде опериран низ целиот живот. Никогаш нема да може да оди, но тој е најпрекрасното дете кое сум имала задоволство да го познавам и чест ми е да сум негова мајка“ - вели Присила.

Сторијата за Рајан Сторијата за Рајан Сторијата за Рајан Сторијата за Рајан Сторијата за Рајан Сторијата за Рајан Сторијата за Рајан

Рајан не е последното посвојување на американскиот пар. Тие посвоиле и девојче со посебни потреби од Украина, а две дена пред да отпатуваат за да го земат, Присила дознала дека е бремена. За жал, и нивното трето биолошко дете се родило со редица здравствени проблеми.

„Па, ете сме! Животот со шест деца, од кои четири со значителни посебни потреби, е луд! Но, не би го промениле за ништо на светот, затоа што ако речевме НЕ, нашите посвоени деца немаше да бидат живи денес. Голем дел од љубовта е жртвување, а тие вредат за секоја наша жртва“ - објаснува Присила.

Сторијата за Рајан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.