Најубавиот дел од зимата, без конкуренција, е снегот. Планинските сртови на кои е натрупана голема количина снег се идеални за зимските снежни спортови. Јануари и февруари се месеците во кои скијањето како спортска активност е најпопуларно, па доколку и вие уживате во снегот, сега е вистинското време да се подготвите за предизвикот.
Иако традиционално љубителите на зимските спортови одат на скијање во Маврово, Попова Шапка, Пелистер или во странство, новите генерации уживаат во алтернативната варијанта, која популарно се вика – бордање.
Децата уживаат на снегот. Покрај бордање и скијање, тие можат и да се санкаат. За санкање не треба особена вештина, но потребна е топла облека и зимски реквизити. Доколку немате набавено, не трошете време по продавници, туку нарачајте онлајн од Ananas.
Која е разликата меѓу бордање и скијање
Главната разлика по која се препознаваат овие две активности се подлогата на која се стои додека се движиме по снегот. Скијањето се практикува со две скии под двете нозе, додека бордањето значи стоење врз штица со двете нозе истовремено.
Управувањето и држењето правец во скијањето се одвива со симултано движење на нозете и на телото, но и со помош на популарните штеки, односно стапови за скијање, додека бордањето бара исклучителна физичка подготвеност и контрола на штицата користејќи ја положбата на телото.
Предности на скијањето
Пред сè, скијањето е активност што многу полесно се учи и практикува од бордањето. Доколку ги имате сите потребни реквизити, може да се каже дека основите на управувањето на скиите по снегот ќе ги научите со само неколку спуштања.
Дополнително, скијањето нуди поголема флексибилност и одржување рамнотежа бидејќи двете нозе, иако на скии, сепак нудат можност за посебни движења – нешто што не е возможно во бордингот бидејќи врз штицата стоиме со двете нозе истовремено.
Скијањето е активност што може да ја практикуваат сите и да не се грижат дека ќе искусат некаква сериозна повреда. Идеално е за почетници и за тие што повеќе сакаат да уживаат во спуштањето и во снегот отколку да бркаат наплив на адреналин.
Предности на бордингот
Бордингот е активност што потешко се учи и со сигурност ќе се чувствувате чудно кога првпат ќе ги ставите стапалата на обележаните места на штицата, но потоа задоволството е огромно. Многумина велат дека бордингот е многу позабавна активност од скијањето, а нуди исклучително многу адреналин.
Бордањето е зимска варијанта на возењето скејтборд, па може да се каже дека ако некогаш сте го правеле едното, ќе уживате и во другото. Спуштањето низ снегот и движењата на телото нудат чувство на слобода, а уникатниот дизајн на штицата овозможува да потскокнувате и на најмалите нерамнини, да правите движења во воздухот и да се забавувате.
Позицијата на телото при спуштањето е странична, односно, за разлика од скијањето во кое лицето и телото се свртени истовремено нанапред, во бордингот сте свртени странично, што за многумина е поелегантно и позабавно.
Зимска опрема потребна за скијање и за бординг
Кога избирате опрема за скијање и за бордање, практично ги избирате истите работи во поглед на облеката. Кацигата, јакната и скијачките панталони може да се каже дека се исти, но има разлики во специјализираните чевли за скијање и за бординг, како и самите даски и скии.
Многу е важно да сте соодветно облечени бидејќи, покрај студеното време што може да направи лесно да настинете, тука се и повредите што настануваат од немање соодветна ски-опрема.
Мора да носите квалитетни чевли, кои ќе бидат совршено поврзани со везовите и со скиите и нема да откажат под притисокот на снегот или на некоја несакана пречка. Исто така, паѓањето на снегот може да биде непријатно и болно доколку немате соодветни зимски панталони и јакна.
Како да одберете што е за вас?
Нема правило по кое треба да се водите. Одбирањето соодветна зимска активност подразбира личен вкус и замисла за тоа што е позабавно. Како што споменавме, скијањето е поедноставно и нуди флексибилност при спуштањето на снегот, додека сноубордот нуди адреналин.
Доколку не можете да се решите, а не сте ги пробале ниту едното, ниту другото, почнете со скијање бидејќи на тој начин полесно ќе ја почувствувате магијата на снегот. Откако ќе ги научите основите, обидете се со сноуборд. Таа активност што повеќе ќе ви се допадне е вистинската за вас.
Комерцијален текст