Мало девојче покажува како изгледа бестрашноста.
3-годишната Адија вешто управува со скиите уште од 18 месеци, а нејзините слатки коментари додека скија ја направија хит на интернет. Адија честопати скија во длабок снег низ дрвја со своите поголеми браќа и со татко ѝ Ерик, кој ѝ има поставено микрофон за да снима сè што таа зборува.
Адија и нејзините браќа буквално растат на планина. Семејството Лајдамс живее на 10 минути оддалеченост од ски ресорт. Ерик смета дека децата не треба да бидат чувани во „стаклено ѕвоно“ и дека им треба ризик.
„Растете ги диво“ – пишува тој на својот профил, каде објавува видеа од нивните снежни авантури.