Почетна » Новости » Промо » Модната приказна продолжува: Нов луксузен мултибренд Magnetik Gallery во Skopje City Mall

Модната приказна продолжува: Нов луксузен мултибренд Magnetik Gallery во Skopje City Mall

Во срцето на најголемиот трговски центар во Македонија, Skopje City Mall, пред два дена свечено беше отворен новиот луксузен продажен салон Magnetik Gallery. Како долгогодишен ексклузивен застапник на луксузни италијански брендови, модната групација Magnetik ја продолжува својата модна приказна со отворањето на овој нов продажен салон.

Magnetik Gallery Magnetik Gallery

Во него се изложени новите колекции на препознатливитe луксузни брендови Max Mara Studio, Weekend Max Mara, Sportmax, Max Mara Leisure, Patrizia Pepe, Liu Jo, Marella, Joseph Ribkoff и Paul & Shark. За време на гала отворањето претставниците од македонската филхармонија свиреа класични и елегантни ноти кои креираа топла и пријатна атмосфера. Додека гостите се запознаваа со модните брендови, имаа можност да уживаат во префинетиот вкус на вината од Тиквеш како и вкусниот и уникатен кетеринг подготвен од Аликас, кои додадоа посебен шарм во пријатниот амбиент. Присутни беа многу личности од јавната сцена, владееше енергична и позитивна атмосфера, а гостите беа ведри и насмеани.

Magnetik Gallery Magnetik Gallery

Во Magnetik Gallery ќе пронајдете голем избор на модни парчиња за секојдневен софистициран имиџ, прилагодливи за секој стил, но и свечени и елегантни парчиња за сите посебни прилики. Со богатиот избор и препознатливиот печат на брендовите од високата мода, веруваме дека ќе бидат задоволени сите вкусови.

Magnetik Gallery Magnetik Gallery Magnetik Gallery Magnetik Gallery

Приказната ја продолжуваме заедно, ве очекуваме во новиот салон во Skopje City Mall.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19686 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.