Почетна » Новости » Промо » Виталиа – посветени... за добри дела!

Виталиа – посветени... за добри дела!

Виталиа со поддршка за волонтерите од Црвен Крст со пакет производи за силен имунитет.

Виталиа

Со бројните активности за поддршка и помош, Виталиа постојано нè потсетува на мисијата за хуманост, добрина и љубов кон ближните, но и сите други кои секојдневно се борат за нашите животи.

И покрај обемната агенда на активности кој резултираат со огромен успех на домашниот, регионален и интернационален пазар, Компанијата уште еднаш покажа пример за делување за остварување на хумани цели.

За Волонтерите од Црвен Крст кои секојдневно учествуваат во процесот на брза и безбедна вакцинација во салата Борис Трајковски, Виталиа донираше производи од својата програма за зајакнување на имуниот систем. Со оваа донација Компанијата ја потенцираше поддршката и благодарноста на доброволците за нивната посветеност и пожртвуваност во справување на состојбата со пандемијата.

„Од почетокот на пандемијата, дополнително се активиравме да помогнеме онаму каде што е најпотребно, се радуваме што и во овие моменти на вакцинација и имунизација во можност сме да продолжиме со оваа хумана мисија“ – изјавија од компанијата.

Виталиа во изминатиот период донираше и преку 1 тон здрава храна за социјално загрозените граѓани преку мрежата Сите Сити од Ајде Македонија поддржани и од Civica Mobilitas како дел од „Одржлива Мрежа за спасување на храната“.

Виталиа

Под мотото - Тука сме и служиме на заедницата, си помагаме едни на други! #ТукаСме #ЕдниЗаДруги, кој е под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Виталиа се вклучи во хуманитарната акција за собирање на прехранбени производи и даде пример за грижливост и одговорност.

Од Компанијата посочуваат дека редовно ги следат и поддржуваат сите активности со хумана мисија, помагаат секаде каде е потребно и веруваат дека со оваа стратегија делуваат мотивирачки за останатите компании да се вклучат во заедничките проекти, за општото добро.

Иако резултатот најчесто се поврзува со квалитетот на производите, кои Виталиа постојано ги потврдува на бројните светски пазари, со врвни награди и признанија, сепак севкупниот успех го красат и хуманите дела, кои од секогаш биле и со зголемен интензитет ќе продолжат и во иднина.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19812 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.