Споделувањето како акт е дејство врежано во човечката природа. Со споделување на добра, мисли, знаење и искуства успеваме да ги одржиме вистинските вредности, да ги совладаме предизвиците на опстанувањето, да откриеме нови сознанија и да продолжиме да чекориме напред како цивилизација. Можеби и затоа самото споделување предизвикува пријатни чувства.
За време на снежните празници, секој од нас се подготвува за дарување, негувајќи ја хуманата традиција на сопствен начин.
Во овој претпразничен период, ВИТАЛИА се фокусираше да го донесе духот на дарување кај дечињата со посебни потреби, кои честопати се занемарени и маргинализирани. Со новогодишни пакетчиња исполнети со здрави производи, Виталиа предизвика весели насмевки и ја израдува оваа група од популацијата низ целата територија на државата.
Во соработка со Фалкон Логистик Курир и иницијативата #ТвитерДедоМраз, новогодишни пакетчиња со функционални производи без глутен и без додаден шеќер беа донирани преку непрофитното здружение „Сплотени Срца“. Децата од општините Карпош и Ѓорче Петров, Кавадарци, Кратово исто така добија новогодишни пакетчиња од Виталиа преку организација од Open Fun Football.
Новогодишни пакетчиња за своите најмили доби и медицинскиот персонал при Клиника за Инфективни Болести – Скопје, кои директно се изложуваат на опасностите од Covid-19 и кои со своите непрекинати напори и максимално вложување ни даваат пример дека само со меѓусебна поддршка можеме да ја пребродиме оваа состојба.
Составот на пакетите е со висококвалитетни производи богати со протеини, витамини и минерали кои ја поддржуваат функцијата на имуниот систем и ќе помогнат во одржување на добра психофизичка кондиција.
Неодамна „ВИТАЛИА“ се приклучи и на иницијативата Црвен Крст на Република Северна Македонија. Компанијата донираше функционални производи од својот асортиман за 100 социјално загрозени семејства за што доби посебно признание.
„Во период исполнет со предизвици, неопходно е да ја покажеме својата посветеност и одговорност кон заедницата. Нашата мисија е континуирано вложување во нашата средина и нашите потрошувачи, здрава и функционална храна за секој член во општеството и оставање на трага во целокупното општествено живеење. Со овие донации ја завршуваме годината хумано и се надеваме дека ќе инспирираме позитивна промена и ќе ги поттикнеме и останатите компании да се вклучуваат во вакви организации потврдувајќи дека Македонија е држава на хумани граѓани кои ги препознаваат вистинските вредности“ - велат од компанијата.
Од почетокот на пандемијата, ВИТАЛИА интензивно се посвети на донирање функционални здрави производи низ целиот регион, земајќи во предвид дека здравата исхрана е најсилна алатка во борбата против короната, бидејќи го зајакнува имунитетот, а со тоа и отпорноста од вирусни заболувања.