Домашната понуда на кисело-млечни производи од овој месец е побогата за уште еден нов вкус. Битолската млекара, која е најголем производител на млеко и млечни производи во Македонија, на пазарот го лансира новиот Битолски екстра јогурт со совршено кисел вкус и идеална густина.
Лансирањето на новиот Битолски екстра јогурт претставува екстензија на Битолското „екстра“ портфолио во категоријата бели јогурти, по воведувањето на Битолското екстра кисело млеко во 2018 година, како нов бренд во категоријата кисело млеко и како производ со нов различен поинтензивен кисел вкус што беше одлично прифатен од потрошувачите.
„Битолски јогурт е домашен бренд со најдолга традиција и квалитет на кој му веруваат потрошувачите во Македонија, а ние како компанија имаме одговорност постојано да иновираме и да работиме во насока на одржување на таа доверба, но и активно да ги слушаме нивните потреби. Новиот Битолски екстра јогурт е одговор токму на барањата на потрошувачите за поизразен киселкав и освежителен вкус и доаѓа како продолжување на портфолиото ’Екстра‘, а до крајот на годината ова портфолио ќе се комплетира и со Битолска екстра кисела павлака“, вели Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.
Битолскиот екстра јогурт е произведен од најквалитетното домашно млеко според најсовремените стандарди за производство, ги содржи сите нутритивни вредности, како и регуларниот Битолски јогурт, но со покиселкав вкус, кој внесува свежина при секој оброк. Новиот Битолски екстра јогурт е со масленост од 2,8 % и на пазарот е достапен во пакувања од 1 кг и 250 гр.
Комерцијален текст