Почетна » Новости » Промо » Gorenje OptiBake вградните рерни се совршени за сите љубители на добрата храна и забавни семејни моменти

Gorenje OptiBake вградните рерни се совршени за сите љубители на добрата храна и забавни семејни моменти

Со широк избор на функции кои го подобруваат кулинарското искуство и помагаат да се заштеди време, Gorenje OptiBake вградните рерни обезбедуваат одлични резултати при готвењето и денови без стрес.

Gorenje

Олеснете го печењето со новите вградни рерни од Gorenje, дизајнирани да им служат и на искусни готвачи и на почетници

OptiBake вградните рерни имаат AutoBake функција, целосно автоматизирани програми за готвење со 22 внимателно тестирани рецепти од кои можете да го изберете оној кој најмногу ви се допаѓа. Имаат и StepBake функција, која ги поедноставува фазите на подготовка на јадењето, бидејќи му овозможува на корисникот рачно да ги приспособува програмите во трите чекори од процесот на печење.

Нови рерни за оние кои сакаат да достигнат ново ниво на кулинарска вештина и задоволство

Комбинацијата на заоблена форма и дополнителен простор ќе обезбеди одлични резултати за сите љубители на готвењето дома. HomeMade обликот е дизајниран да го распределува топлиот воздух рамномерно низ внатрешноста на рерната и да дава секогаш совршени резултати при печењето. Исто така, придонесува за печење на повеќе нивоа со функцијата Multilevel baking, карактеристика што овозможува да се подготват и до пет јадења во исто време. Секој што е инспириран и сака да проба нови рецепти може да ја испроба функцијата SteamAssist, која му овозможува на корисникот да вбризгува пареа, за да обезбеди совршена крцкава кора.

Полесен почеток со поздрава исхрана

Од голема важност е и функцијата AirFry во OptiBake вградните рерни од Gorenje. Оваа функција ја „пржи“ храната само со топол воздух без да ги наруши вкусот и текстурата на храната.

Ова му олеснува на секој кој сака да се храни здраво и да придонесе за личното и за здравјето на целото семејство.

Лесно чистење за повеќе време за уживање

За да уживате во слободното време, да го поминувате со членовите на своето семејство или да уживате во вашето хоби, OptiBake вградните рерни од Gorenje имаат можност за различни функции за самочистење.

PyroClean е најефикасниот начин за чистење на рерната со екстремно висока температура која ги согорува остатоците од храната.CataClean е одличен начин да ја одржувате рерната чиста, бидејќи каталитичката плоча ја апсорбира целата маснотија и нечистотија за време на процесот на готвење. AquaClean нуди голема помош за чистење на рерната.Сè што треба да направите е да истурите вода во садот за печење и да ја вклучите програмата за омекнување на нечистотијата за да можете лесно да ја избришете.

OptiBake вградните рерни од Gorenje ќе донесат многу среќни семејни моменти на секој што мисли дека заслужува квалитет и забава. Можете да најдете повеќе информации за овие одлични нови рерни на mk.gorenje.com.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19684 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.