Почетна » Новости » Занимливости » Внеси свежина во домот!

Внеси свежина во домот!

Пролет. Тоа прекрасно време од годината кога птиците почнуваат да пеат, цвеќињата да цутат а деновите стануваат подолги и потопли. Тоа прекрасно време на повторно раѓање и на нови почетоци. Но… пролетта е и време за пролетно чистење! Пред да се преоптоварите со мисли за обемот на работа што ви претстои, Gorenje e тука да ви помогне. Пролетното чистење, всушност, може да претставува и позитивно искуство, особено ако ја земете предвид наградата што ве чека на крајот – освежување на вашиот дом, што придонесува за освежување и на телото, умот и душата.

Сменете ја вашата перспектива за пролетното чистење. Со промена на начинот на размислување за пролетното чистење ја претворате секоја домашна работа во забавна и пријатна активност. Вклучете музика што ја сакате и преправајте се дека вашата правосмукалка е микрофон. Вклучете ги вашите деца и играјте игра, така што ќе го вклучите тајмерот на 5 минути и ќе се натпреварувате кој чисти најбрзо. Наградете се после секоја задача. Уживајте во јадење сладолед на каучот откако ќе ја исчистите дневната соба. Или со чаша вино во топла бања, после чистењето на бањата. Или со пријатен заслужен одмор, откако ќе ја средите спалната соба.

Пролетното чистење е такво какво што вие ќе го направите. Тоа може да биде стресно, заморно и да одзема многу време. Но, тоа може да биде и одлична можност да поминете квалитетно време сами или со вашето семејство, вдишувајќи нова енергија и живот во вашиот дом. Изборот е ваш.

Не заборавајте, Gorenje e секогаш тука со неверојатни иновации да ви помогне околу грижата за вашиот дом, правејки го при тоа поедноставен за домување.

Gorenje

Кога одбирате фрижидер, од особено значење е да одберете врвен чувар на храната и намирниците, а при тоа лесен за чистење и одржување. Тоа го овозможува NoFrost Plus технологијата вградена во фрижидерите на Gorenje. Ви го препорачуваме моделот NRK61DAXL4 со одлична промотивна цена. NoFrost Plus како еден од најдобрите системи за ладење на пазарот спречува таложење мраз. Благодарение на него, нема да морате да го одмрзнувате замрзнувачот и неговиот простор за складирање ќе се користи поефикасно. Пакувањата или парчињата замрзната храна не се лепат едно до друго, а со тоа вашиот замрзнувач останува уреден и чист, а и онака големиот капацитет од 610 литри станува подобро искористен. Инвертер моторот кој го има овој модел на фрижидер е потивок, подолготраен и троши помалку енергија во споредба со конвенционалниот мотор. Подобро и побрзо се прилагодува на температурните промени во фрижидерот(на пример при отварање на врата), што значи дека температурните флуктуации се намалуваат и условите за складирање на храната стануваат подобри.Интелигентниот систем на помнење (AdaptTech ладење) одржува постојана температура во фрижидерот без разлика колку често ја отворате вратата на фрижидерот. Ладилникот постојано следи како го користите и ја управува температурата, со тоа спречува покачување на температурата, храната останува свежа а потрошувачката на енергија намалена.

Gorenje

Сега кога ги складиравме намирниците и храната на чување, следна грижа во домот-перењето. Пролетното чистење значи и промена на гардеробата. Зимската гардероба е потребно да се испере, исуши и складира, а пролетната да се извади и освежи. Ја издвојуваме одличната Gorenje машина за перење WNEI14BS. Моќниот и ефикасен инвертер PowerDrive мотор овозможува вашата машина за перење алишта да биде долговечна, а со секое перење заштеда на електричната енергија. Моќниот мотор на овој модел може да се справи со количини на алишта и до10 kg. Дополнително, овој модел доаѓа со корисни програми со пареа особено програмата за дополнителна хигиена (ExtraHygine). Оваа уникатна програма особено се препорачува за перење на памучни алишта за кои е потребна посебна нега, како на пример, алишта за луѓе со многу чувствителна кожа или алергии. Користењето на големи количини на пареа во процесот на перење ги освежува алиштата и го олеснува пеглањето. Оваа машина се издвојува и по уникатните програми Pets (миленици) и Baby (бебешка облека). Во текот на Pets програмата се отстрануваат влакната од миленичињата од вашата облека. Baby програмата се користи за перење алишта што бараат посебна нега, како што се бебешки алишта или алишта за луѓе што страдаат од кожни алергии. Програмата е комбинација од продолжено загревање и дополнително плавење што ги отстранува сите остатоци од детергент. На двете програми можете дополнително да додадете и перење со пареа за комплетно отстранување на бактериите и грините.

Gorenje

Откако ќе ја исперете и освежите гардеробата, ве чека „тешкиот“ дел – пеглањето. Но со генераторот на пареа SGH2400BBSUPREME од Gorenjeсѐ е поедноставно. Со овој генератор на пареа ќе можете да ги пеглате сите ткаенини без да мора рачно да ги прилагодувате температурата и количината на пареа. Оваа функција има претходно поставена оптимална комбинација на температура и количина на пареа за совршени резултати кај која било ткаенина. Со брзина на пареа од 120 g/min и ударна пареа од 600 g/min, сите ваши алишта ќе бидат испеглани и побрзо и подобро. Конзистентната моќна пареа продира длабоко во ткаенината за да го направи вашето пеглање полесно, побрзо и подобро. Колку повеќе пареа, толку побрзо пеглање.

Gorenje

Запознајте ги сите одлични Gorenje апарати кои ќе ви го поедностават пролетното чистење и одберете го оној кој најмногу одговара на вашите потреби. Промотивната акција важи до 12. април 2022 година или до истекот на залихите на веб продавницата mk.gorenje.com, како и во продажните салони на Gorenje или партнерските продавници на Gorenje. Можете да дознаете повеќе за оваа специјална понуда тука.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19699 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.