Почетна » Новости » Занимливости » Верувале или не, постои рерна која сама се чисти

Верувале или не, постои рерна која сама се чисти

Многу луѓе уживаат во готвењето и изразувањето на својата креативност преку разни рецепти, но ретко им се допаѓа она што доаѓа подоцна, чистењето. Додека уживате во успешно подготвено вкусно јадење, сигурно не размислувате за маснотиите и нечистотиите кои треба да се исчистат. По опуштањето, време е за потешкиот и понапорниот дел од работата. Сепак, не треба повеќе да се грижите за тоа, бидејќи новите OptiBake вградни рерни на Gorenje сами се чистат. Повеќе од 70 години, иновативноста и дизајнот на Gorenje апаратите за домаќинство го направија животот поубав и поедноставен, а овие рерни се создадени за да ви обезбедат повеќе слободно време и енергија за активностите и луѓето што ги сакате преку иновативни решенија.

За лесно чистење и отстранување на нечистотијата, сѐ што треба да направите е да вклучите една од програмите што ги нуди новата OptiBake вградна рерна од Gorenje. Повеќе не треба да обрнувате внимание на тоа дали сте исчистиле сè совршено, бидејќи чистењето со пиролиза PyroClean користи екстремно високи температури кои ги согоруваат сите остатоци од храна. Исто така, каталитичкото чистење CataClean, во која капакот на вентилаторот ги апсорбира сите маснотии и нечистотии за време на печењето, помага да се одржи рерната чиста. Тука е и функцијата AquaClean, која ги користи придобивките од пареата за да ги омекне сите нечистотии и да овозможи нивно лесно чистење.

Gorenje

Практичните функции обезбедуваат еднакви можности за искусни готвачи и комплетни почетници, сето тоа со минимален напор. Меѓу нив се издвојува AutoBake, целосно автоматизирани програми за готвење со 22 тестирани рецепти, од кои можете да го изберете оној кој најмногу ви се допаѓа. Во исто време, функцијата StepBake ги поедноставува фазите на подготовка дозволувајќи им на корисниците рачно да ги приспособат програмите во три чекори од процесот на печење.

Ако сакате совршено нараснато тесто од домашен леб или погача, тоа повеќе не мора да биде асоцијација за празничните трпези на вашите мајки или баби. Сега може да се постигне во удобноста на вашиот дом со опцијата SteamAssist, која вбризгува пареа и дава совршено крцкава кора. Во исто време, постои функција AirFry која ја „пржи“ храната користејќи само топол воздух без да се загрози вкусот и текстурата на приготвените специјалитети. OptiBake рерните од Gorenje се дизајнирани да овозможат рамномерна дистрибуција на топол воздух во внатрешноста на рерната, што придонесува за печење на неколку нивоа. Тоа значи дека со помош на функцијата за печење на повеќе нивоа, можете истовремено да подготвите дури пет јадења!

Gorenje

Сега можете да заборавите на сите маки кои доаѓаат по подготовката на вкусните рецепти и лежерно да подготвувате јадења со врвен квалитет. Значи, сѐ што треба да направите е да ги засукате ракавите и да ги подготвите омилените специјалитети. Можете да дознаете повеќе за новите вграднирерни на Gorenje на mk.gorenje.com.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.