Почетна » Новости » Промо » Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело

dm дрогерие маркт - компанијата која веќе години наназад на македонскиот пазар е препознатлива по општествено-одговорното делување, веќе петта година по ред го организира филантропскиот шопинг по повод Black Friday во своите дрогерии.

Под мотото GIVING IS THE NEW BLACK, најголемиот дрогериски ланец во земјава, на 24 ноември ќе одвои 5% од вкупниот дневен промет од сите дрогерии во хуманитарни цели, за набавка на пакети храна за социјално загрозени сограѓани. Оваа година донацијата ќе биде реализирана преку хуманитарната организација „Свети Спас“!

dm

Изминатите години, во склоп на оваа хуманитарна активност на компанијата беа издвоени средства за повеќе институции и здруженија како Универзитетската клиника за ендокринологија во Скопје, Мрежата против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство“ како и Клиничкиот центар во Штип.

Затоа, во петок, на 24 ноември подгответе ги вашите списоци за шопинг и упатете се во дрогериите на dm, каде со своето пазарување истовремено ќе придонесете кон остварување на целта и ќе направите добро дело.

Повеќе информации за ова можете да дознаете на нивната веб страна: dm.mk

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19689 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.