Почетна » Новости » Промо » GIVING FRIDAY: dm дрогериите го бојат Black Friday во розово и наместо попусти, донираат 5% од дневниот промет во Клиниката за ендокринологија

GIVING FRIDAY: dm дрогериите го бојат Black Friday во розово и наместо попусти, донираат 5% од дневниот промет во Клиниката за ендокринологија

Во петок, 25 ноември, подгответе се за еден поинаков Black Friday. Наместо „ловење“ на попусти и неконтролирано трошење, традиционално веќе четврта година по ред, dm дрогерие маркт заедно со вас го бои последниот петок од ноември во розово и му дава ново филантропско значење – 5% од дневниот промет ќе биде дониран во ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија.

dm Giving Friday

„Giving is the new black“ е слоганот под кој dm ја започна оваа иницијатива во 2019-та година, а нејзината цел е „Црниот петок“ да не биде ден кога луѓето ќе бидат исклучиво заинтересирани за акции и попусти, туку за она што може да го направат за да им помогнат на оние на кои им е најпотребно. Изминатата година, благодарение на големиот одзив на купувачите, dm донираше 300.000 денари во националната мрежа против семејно насилство и насилство врз жените „Глас против насилство“.

И оваа година нема да биде исклучок од хуманитарната активност во вашите омилени dm дрогерии затоа што во текот на празниците кои се ближат, честопати сѐ не потсеќа на важноста и убавината на подарувањето: внимание, време или вешто спакувани ситници. Тоа е и самата суштина на празниците – атмосферата на заедништво, топлина и споделување на радост. Воедно, тие се и прилика да се потсетиме на она што е навистина важно, а во текот на брзото секојдневие го забораваме.

Затоа, без разлика дали четвртиот петок во ноември веднаш ве потсеќа на Black Friday и огромните гужви ширум продавниците – овогодинешниот убаво обележете го во вашиот календар затоа што со секое ваше пазарување во некоја од 22-те дрогерии на dm, му давате ново значење на шопингот и сте дел од еден неверојатен хуман гест!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.