Јелена Томашевиќ ја објави новата песна којашто деновиве ја најавуваше на социјалните мрежи.
Во спотот, харизматичната српска пејачка облечена во црни креации ја пее емотивната и моќна песна „Рано моја мила“.
Музиката и текстот на песната се дело на Горан Ковачиќ, додека за аранжманот се погрижил Махир Сарихоџиќ.
„Рано моја мила“ ќе биде дел од нејзиниот претстоен студиски албум, кој ќе излезе во февруари следната година.