Раде Врчаковски-Врчак се враќа на македонската музичка сцена најавувајќи многу соработки и нова музика.
По 15-годишна пауза, македонскиот пејач ја објави песната „Посреќна“, која ја сними во соработка во ДНК.
Автори на текстот се Панчо и Врчак, додека за музиката се погрижил Панчо со Лазар Цветковски.
Погледнете го спотот снимен во Белград:
„Наскоро ќе излезат две преубави песни (една со Антониа и една со Барбара), а потоа една со Ламбе, па уште една со Андреј и Панчо која, а ќе има и други нови“ – напиша Врчак на Facebook.