Емотивниот спот на Пинк за „90 Days“ ја прикажува болката што таа ја чувствува секогаш кога треба да го напушти семејството за да оди на турнеја.
39-годишната пејачка го сними спотот со нејзиниот сопруг Кери Харт за да покаже колку тежок може да биде животот далеку од најмилите.
Песната „90 Days“, за која соработуваше со Wrabel, е дел од новиот албум на славната музичарка насловен „Hurts 2B Human“.
Пинк во моментов е на турнеја низ светот, која започна на 1 март, а планирано е да заврши на 2 ноември.
Пинк и Харт заедно имаат две деца – 8-годишната Вилоу и 2-годишниот Џејмисон.