Новата песна на Backstreet Boys ќе ве врати во 90-тите години. Со спотот за „No Place“, момците од машката група го најавија нивниот нов албум.
Неодоливиот видеозапис го прикажува семејниот живот на петте члена од бендот. Ник Картер чита, игра и плива со синчето и сопругата, Брајан Литрел готви со синот и сопругата, Еј Џеј Меклин пее со сопругата и танцува со двете ќеркички облечени во розови фустани, Кевин Ричардсон се забавува со двата сина и сопругата Кристин, а Хауи Дороу и сопругата со насмевки ги гледаат игрите на двете деца.
Песната е дел од десеттиот албум на бендот, насловен „DNA“, кој денес беше пуштен во продажба.