Момците од Backstreet Boys покажаа дека сè уште знаат како да ја развеселат и забавуваат публиката. Популарната група, која го освои светот во 90-тите години, настапи на сцената на изборот на Мис САД, кој вчера се одржа во Лас Вегас.
Кон крајот на големото шоу, Ник Картер, Брајан Литрел, Кевин Ричардсон, Еј Џеј Меклин и Хауи Дороу го изведоа хитот „As Long As You Love Me“, а потоа ги придружуваа трите финалистки на сцената додека ја пееја „I Want It That Way“.
Петте членови на групата се појавија заедно и на црвениот тепих.