Ник Картер од Backstreet Boys и неговата сопруга Лорен станаа родители минатиот месец, а сега Лорен сними нежна фотосесија со малиот син Один.
На една од фотографиите, 32-годишната актерка и продуцентка го дои малото бебенце, додека на другите, среќно позира со него во нивниот дом.
Один пристигна на овој свет на 19 април и е прво дете на Ник и Лорен. Парот помина низ еден спонтан абортус и едногодишни обиди за зачнување пред да го добие својот син.
Во текот на бременоста, парот често споделуваше со јавноста детали за бебето, а сними и фотосесија за „Entertainment Tonight“.