Џенифер Лопез го објави видеозаписот за летниот денс хит „Goin’ In“. Со него, 43-годишната разиграна пејачка како да се навраќа на своите стари спотови во кои доминира танцувањето.
Видеото е динамична комбинација од сцени. Некои ја покажуваат Џеј Ло во гламурозно издание со розова наметка и циркони на усните, други се фокусираат на нејзините облини, во трети таа ја покажува својата подвижност заедно со група танчари, а во спотот се појавува и Фло Рајда.
Низ видеото се појавуваат и сцени од „Step Up: Revolution“, бидејќи „Goin’ In“ е дел од саундтракот на овој филм.