Тамара Тодевска ја објави најавуваната песна „Торнадо“.
Во спотот, македонската пејачка се појавува со розова коса и облечена во розов костум, а потоа танцува во тексас стајлинг и тропски фустан придружувана од неколку танчари. На крајот од видеото се појавува и нејзината ќеркичка Хана.
„'Торнадо' е нашата нова музичка приказна, а јас сум пресреќна што создадовме песна и спот, кои се исполнети со брз ритам и убава енергија. Тоа најмногу ни треба во периодов во кој живееме! Задоволна сум од целосниот производ, од песната и од спотот и искрено верувам дека истата ќе и се допадне на мојата публика, како во Македонија, така и низ земјите во регионот“ - вели Тамара.
Исто како нејзината претходна песна „Нијагара“, така и оваа е на српски јазик.
Слушнете ја „Торнадо“ и погледнете го видеозаписот:




Текстот е дело на српската пејачка и кантавторка Ана Радоњиќ / Зое Кида, додека за музиката и аранжманот беа задолжени Тамара и нејзиниот долгогодишен соработник и пријател, Лазар Цветкоски.