Почетна » Новости » Музика » Бремената Тамара Тодевска во црвен лелеав фустан во спотот за „Довидување таго“ снимен во Грција

Бремената Тамара Тодевска во црвен лелеав фустан во спотот за „Довидување таго“ снимен во Грција

Тамара Тодевска го објави спотот за новата песна која ѝ ја посвети на малата ќеркичка Хана. Со „Довидување таго“, 33-годишната пејачка се враќа на македонската сцена по тригодишна пауза.

Во спотот, Тамара, која е бремена со второто дете, носи лелеав црвен фустан од Тамара Стерјова, кој додека се вее го оцртува нејзиното трудничко стомаче.

Видеозаписот е снимен на островот Амулијани во Грција, каде Тодевска престојуваше со сопругот и ќеркичката пред два месеци.

Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, за текстот се погрижи Игор Џамбазов, додека спотот е режиран од Чедо Поповски.

„Џамбаз ме познава како дишам. Билбилов исто така. И оваа песна како и многу претходни е буквално приказна од мојот живот. Раѓањето на Хана ме промени комплетно. Ми донесе една сосема нова енергија и во домот и во секојдневието. Игор знае како тоа да го раскаже со зборови затоа што ја гледа позитивната промена во мене. Среќна сум и исполнета, а таква е и песната. Многу ми е драга затоа што ја отсликува позитивата која што ја живеам последниве години, а најавува и нова. Видеото со Чедо го снимивме на една прекрасна плажа во Грција во петтиот месец од мојата втора бременост“ – вели Тамара.

ВИДЕО

Тамара Тодевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.