Тејлор Свифт објави нов спот за нејзината песна „The Best Day“, снимена во 2009 година.
Во видеото се вклучени досега необјавени семејни снимки на 31-годишната пејачка. Спотот го следи растењето на Тејлор и нејзината врска со мајка ѝ Андреа. Во него исто така често се појавуваат и нејзиниот брат Остин и татко ѝ Скот.
Свифт отсекогаш потенцирала дека е многу блиска со нејзината мајка, на која минатата година ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот додека се лекувала од рак.