Еден месец пред нивниот концерт во Скопје, Нокаут објавија нова песна и спот. Со песната „Кога ме сакаш ти“ Нокаут го најавуваат нивниот четврти албум.
Автор на музиката е Дарко Димитров, а текстот е дело на Огнен Неделковски. Спотот е режиран од Александар Ристовски-Принц.