Македонскиот бенд Нокаут го објави спотот за новата песна „Запомни тоа е сè што имаме“. Во видеото се раскажани најголемите таги и радости во животот на еден човек – свадба, погреб и раѓање на бебе.
За идејата, концептот и целата реализација на спотот се погрижи тимот на „Горила продукција“, на чело со режисерот Владимир Дади Ивановски. Песната која беше промовирана неодамна и веднаш стана хит ќе биде дел од албумот на кој бендот полека, но сигурно работи и кој наскоро ќе биде издаден.