Марија Спасовска оваа година за првпат учествуваше на „Макфест“.
На 37-мото издание на фестивалот во Штип, 17-годишната пејачка се претстави со песната „Омилен“.
Музиката и текстот ги потпишува самата Марија, а аранжманот е на Роберт Билбилов.
Пред неколку дена беше објавен и видеозаписот за макфестовската песна „Омилен“, која ѝ ветува успешна музичка кариера на Марија.