Марија Спасовска ќе ја претставува Македонија на детската Евровизија. Денес 12-годишната пејачка го претстави спотот за песната „Дома“ со која ќе настапи на големата сцена во Минск, Белорусија.
Дарко Димитров стои зад музиката, аранжманот и продукцијата, додека текстот е дело на Елена Ристеска.
Марија го сними спотот за „Дома“ во Македонската опера и балет.