„Сакам“ е новата песна од Марија Спасовска со која младата пејачка порачува: „Човекот со срце да гледа, да исчисти очи од гордост и беда".
Текстот на оваа балада е од самата Марија, а музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов.
Видеото кое дополнително ја надополнува убавината на приказната е во режија на Зоран Зонде Стојановски.
Марија во видеото употребува и знаковен јазик, сакајќи оваа песна со силна порака да допре до секој човек.