Бијонсе официјално го објави спотот за „Pretty Hurts“ на Vevo. Во видеото режирано од Мелина Мацукас, 32-годишната пејачка е мисица која се бори за круната и се измачува за да изгледа привлечно и убаво.
За да си ја исполни целта според денешните високи стандарди за убавина, Бијонсе во спотот добива ботокс инјекции, пие таблети за слабеење и присилно повраќа, додека и девојките околу неа исто така преземаат драстични мерки за разубавување како голтање на памук.
Преку видеото Бијонсе ја критикува денешната култура и ја потенцира важноста на среќата во животот.„Pretty Hurts“ е дел од најновиот визуелен албум на славната пејачка, „Beyoncé“.