Александра Јанева и Наташа Малинкова ја снимија својата прва заедничка песна. Македонските поп пејачки го објавија дуетот со наслов „Еуфорија“.
Во видеото, двете музичарки пеат и се забавуваат заедно со своите бендови со кои настапуваат низ цела Македонија.
„Нашиот летен сингл е карактеристичен заради тоа што е еден од ретките женски дуети на македонската сцена. Се надеваме дека направивме проект кој ќе им се допадне на сите наши поддржувачи“ – вели Наташа.
„Еуфорија е нова доза македонска музика од мене и Наташа. Драго ми е што заедничката желба да придонесеме повеќе кон домашната музика ја преточивме во забавен проект“ – дополнува Александра.
Песната е дело на авторот Столе Аврамов, а на аранжманот и продукцијата се потпишуваат заедно со Зоран Алексиќ.