Објавен е новиот спот на групата Black Eyed Peas за песната „Just Can't Get Enough“, кој е сниман во Токио една недела пред катастрофалниот земјотрес.
„Ова видео беше снимено во Јапонија, една недела пред земјотресот и цунамито. Нашите мисли и молитви се насочени кон сите луѓе во Јапонија. Ве сакаме“ – се вели во пораката пред почетокот на спотот, а на крајот има линк од Црвениот Крст за луѓето да направат донации.
„Тоа беше најлесното видео што некогаш сме го снимиле затоа што нè прикажува онакви какви што сме во животот. Исто така, тоа ја демонстрира нашата љубов и врската што ја имаме со Јапонија“ – изјавила Ферги.
„Just Can't Get Enough“ е дел од албумот „The Beginning“, којшто групата го издаде минатата година.