Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Синовите на Шакира свират пијано и пеат заедно со неа во спотот за новата песна „Acróstico“

ВИДЕО: Синовите на Шакира свират пијано и пеат заедно со неа во спотот за новата песна „Acróstico“

Шакира го објави спотот за новата песна „Acróstico“, во кој пее заедно со своите два сина.

10-годишниот Милан и 8-годишниот Саша свират пијано и пеат покрај мајка си, споделувајќи го со светот дарот кој го наследиле од неа. Песната им е посветена токму ним и е како отворено писмо во која таа им ја искажува својата љубов.

„Оваа година, Милан напиша песни кои ме расплакаа од емоции, Саша помина многу часови во свирење пијано и откривање на својот глас. И двајцата поминаа време со мене во студиото и откако ја слушнаа песната, побараа да бидат дел од неа. Ја почувствуваа и ја интерпретираа на нивен начин и за нив, со страст и емоција на личности која ја носат музиката во себе“.

„Милан и Саша, прекрасно е да ве гледам како ги ширите вашите крилја за да си ги остварите соништата. Нема ништо што прави да се чувствувам поисполнето од тоа што сум ваша мајка“ – напиша таа.

Минатата година, Шакира се раздели од својот партнер Жерар Пике, кој им е татко на Саша и Милан. Во интервју, таа сподели дека сето тоа било тешко не само за неа, туку и за нејзините деца и рече дека нејзина најважна мисија е да ги заштити синовите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.